Достапни линкови

Прислушуваните новинари згрозени, но не и изненадени


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање. На дел од следените новинари, во СДСМ им беа предадени докази за нивно прислушување.

Запрепастени, згрозени, но не и изненадени. Ова се коментарите на дел од новинарите кои биле прислушувани и кои денеска од СДСМ добија папки со дел од прислушуваните разговори.

Како што треба да бидат и сите мои колеги кои биле прислушувани од оваа тоталитарна власт. Ние треба да сме горди затоа што на време сме биле визионери и сме знаеле со кого си имаме работа. На ова мора да се стави крај, ние мора да пратиме порака дека сите ние сме Никола Младенов.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека повеќе од 100 новинари биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање. Следени и прислушувани се и новинари од провладините медиуми, но и професионални новинари, кои критички ги опсервираат состојбите во Македонија, вели Заев. Тој рече дека за некои новинари, меѓу кои и загинатиот уредник на Фокус, Никола Младенов, се правени и досиеја.

Уредникот на Алсат-м телевизија Мухамед Зекири, вели дека освен што е згрозен, со крената глава може да рече дека е и горд.

Кога ќе се оформи предметот за злосторничко здружување и кога ќе им бидат одземани имотите на не знам кои сметки, би сакала од тоа што ќе биде собрано од сметките на злосторничкото здружување нам да ни биде платена штетата за ова што им е направено, не само на новинарите, откриени се комплетно нашите извори, а во нашите комуникации стојат бизнис заедницата, судството, сите со кои ние комуницираме.

„Како што треба да бидат и сите мои колеги кои биле прислушувани од оваа тоталитарна власт. Ние треба да сме горди затоа што на време сме биле визионери и сме знаеле со кого си имаме работа. На ова мора да се стави крај, ние мора да пратиме порака дека сите ние сме Никола Младенов“, вели Зекири.

Новинарката Оливера Трајковска вели дека во големото уво штетата ја плати буџетот на Македонија, а оштетата на сите што биле прислушувани не треба да се плати од парите на граѓаните.

„Кога ќе се оформи предметот за злосторничко здружување и кога ќе им бидат одземани имотите на не знам кои сметки, би сакала од тоа што ќе биде собрано од сметките на злосторничкото здружување нам да ни биде платена штетата за ова што им е направено, не само на новинарите, откриени се комплетно нашите извори, а во нашите комуникации стојат бизнис заедницата, судството, сите со кои ние комуницираме“, вели таа.

Пред сè сакаме да знаеме како дошло до тоа мобилните оператори да одобрат слушање на толку многу луѓе, не само на новинари. Тие се следната инстанца од која јас лично, а се надевам и други колеги ќе бараат одговор.

Новинарката Сашка Цветковска вели дека папките што им беа дадени денеска со прислушуваните разговори покажува дека новинарите кои работеле во А1 се следени додека работела телевизијата, но и по нејзиното затворање.

„Јас не знам дали тоа сè уште трае, но доколку трае мора да престане, новинарите во Македонија не се непријатели на својата држава, не се непријатели на својот народ“, вели таа.

Цветковска вели дека со колегите разговарале да бараат одговорност за тоа што биле следени.

„Но пред сè сакаме да знаеме како дошло до тоа мобилните оператори да одобрат слушање на толку многу луѓе, не само на новинари. Тие се следната инстанца од која јас лично, а се надевам и други колеги ќе бараат одговор“, вели Цветковска.

Новинарката Мери Јордановска вели дека била прислушувана во периодот додека работела за А1, а подоцна и за Фокус.

„Доколку власта и УБК навистина ги сметаат новинарите за непријатели и доколку сметаат дека тие треба да бидат следени и прислушувани, значи тие ја креираат целата наша иднина, целото наше секојдневие и имам чувство како да сме разголени пред државата, дека ги издаваме не само нашите и приватни и службени информации, туку ги издаваме и лицата со кои сме разговарале. Тука под знак прашалник се става целото функционирање на овој систем на транспарентноста на оваа власт“, вели Јордановска.

Запрепастува фактот дека биле прислушувани стотина новинари, вели новинарката Анета Додевска.

„Она што дополнително запрепастува, ако може да се верува на она што го образложија од СДСМ, е дека станува збор за извештаи зад кои стои Управата за безбедност и контраразузнавање. Од она што можев да го видам начелно, од документите, што мене ми беа предадени, според мои проценки од она што можев да го видам, станува збор за исклучително долг период, некаде пред и по затворањето на А1, до некое скоро време“, вели Додевска.

Слична афера со прислушување новинари беше обелоденета и во 200 година од страна на тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски. Во аферата „Големото уво“, тој обелодени стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати, кои биле прислушувани. Скопското обвинителство отвори постапка за тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска и началникот во МВР, Александар Цветков, но претседател Борис Трајковски ги аболицираше.

По долги години судско докажување, 17 прислушувани новинари добија по шест илјади евра отштета, а потоа добија уште по 1850 евра преку Судот во Стразбур.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG