Достапни линкови

МВР: Хартиите на Заев не се документи од УБК


Министерството за внатрешни работи излезе со писмена реакција на прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, соопштувајќи дека хартиите со кои денеска манипулирал четвртоосмничениот Зоран Заев се најобична лага, а не документи на Управата за безбедност и контраразузнавање, се вели во реакцијата.

„Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш ниту незаконски следеле, ниту правеле анализи на новинари. Во целост сме ги почитувале Уставот и Законите на Република Македонија и сме работеле согласно истите, се наведува во реакцијата.

Од МВР најостро ги демантираат сите изнесени клевети и конструкции објавени денеска од страна на четвртоосомничениот Зоран Заев.

„Заев се товари за најтешки дела против државата и граѓаните и во судска постапка по Оперативната обработка „Пуч” согласно Законот ќе добие можност да ја даде својата одбрана за материјалите за кои изјави дека му биле дадени од странска служба“, велат од МВР.

Од Министерството посочуваат дека со денешната пресуда започна разврската во акцијата „Пуч” и додаваат дека „се поочигледно станува дека четвртоосомничениот Зоран Заев почнува да се губи и да тоне, обидувајќи се да исконструира се поголеми лаги“

XS
SM
MD
LG