Достапни линкови

Судот во Москва одби да ја ослободи украинската пилотка


Ukrainian army pilot Nadia Savchenko.

Ukrainian army pilot Nadia Savchenko.

Апелациониот суд во Москва го отфрли предизвикот на украинската пилотка која штрајкува со глад, Надја Савченко против периодот на продолжување на нејзиниот притвор, потврдувајќи ја претходната одлука притворот да биде до 13 мај. Савченко во јуни беше фатена од страна на проруските сепаратисти во источна Украина и беше пренесена во Русија. Во Русија таа е обвинета за вмешаност во минофрлачки напад во кој загинаа двајца руски новинари во конфликтот меѓу проруските сепаратисти и владините сили на Украина. Во јануари, Савченко дополнително беше обвинета за нелегално поминување на границата. Савченко ги негира обвинувањата, велејќи дека таа била киднапирана на украинска територија и нелегално префрлена во Русија.

XS
SM
MD
LG