Достапни линкови

Заев - Сурова вистина за тоталната контрола на Груевски и Мијалков


Заев - Власта прислушувала над 100 новинари
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:40 0:00

Заев - Власта прислушувала над 100 новинари

Никола Груевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници во вистинска смисла на зборот владеат и менаџираат со медиумите и новинарите, рече лидерот на СДСМ.

Повеќе од сто новинари биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање, рече денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев. Тој додаде дека тоа што го објави се дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тотална контрола што, како што нагласи, ја имале воспоставено Никола Груевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници и за тоа како успевале да диктираат лажна реалност и на тој начин да одржуваат на власт.

Според материјалите што се доставени до нас, следени и прислушувани се сите, и новинари од провладини медиуми и професионални новинари кои критички ги опсервираат состојбите во Македонија.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

„Според материјалите што се доставени до нас, следени и прислушувани се сите, и новинари од провладини медиуми и професионални новинари кои критички ги опсервираат состојбите во Македонија. За првите, уредниците во провладините медиуми, имаме аудио материјали кои ја разобличуваат директната спрега: премиер – УБК – медиуми. Како лично директорот на УБК, Сашо Мијалков, координирано со премиерот и негови соработници, во вистинска смисла на зборот владеат и менаџираат со медиумите и новинарите, не само во приватни медиуми, туку и во националниот сервис МТВ“, рече Заев кој додаде и дека најследен, најприслушуван и со години таргет на тајните полициски служби бил уредникот, новинар и сопственик на неделникот Фокус, Никола Младенов, кој пред речиси две години загина во сообраќајна несреќа.

Тој нагласи и дека не би сакал денеска да зборува за неговото досие, но нагласи дека тоа не е исклучено за во иднина.

Меѓу шесте разговори презентирани денеска беше пуштен и премиерот Никола Груевски како разговора со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Заев вели дека тој од министерот барал од сметката на АЕК да префрли половина милион евра исплата за направени документарни филмови.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00
Директен линк

„Прв машки глас: Ај вака. Дајте ми утре време да седнам со Боби, оти тие го правеа буџетот. Или да ви кажам во петок оти ми рече за петок ќе го има буџетот за наредна година?

Втор машки глас: Не, ти напрај уште утре, он веќе сигурно има во глава што како и кажи ми.

Прв машки глас: Добро.

Втор машки глас: За општествена одговорност еве да пребаци, за, може да крстиме некој документарец којшто е вака најпопуларен, односно нај што одговара, за македонската борба за слобода и независност, е. Тоа ќе се користи за сите документарци ама он за тоа нека го каже.

Прв машки глас: 500 илјади...

Втор машки глас : Да не биде сега за Скопје или за нешто друго знаеш. За македонската борба, ај.

Прв машки глас: Важи, ќе проверам и ќе ви кажам.

Втор машки глас: За слобода и независност.“

Во еден од телефонските разговори, како што вели Заев, се слушаат гласовите на шефот на УБК Сашо Мијалков и уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас. Во него, додаде тој, имало и директно признание на шефот на УБК дека тој го средил сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски.

please wait

No media source currently available

0:00 0:05:26 0:00
Директен линк

Потоа претседателот на СДСМ презентираше и разговор во кој Мијалков со Јанкулоска, како што рече, зборуваат за трите весници во сопственост на МПМ, за контролата воспоставена врз нив, а го споменуваат и името на извршниот директор на МПМ, Срѓан Керим.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00
Директен линк

Во друг разговор, пак, министерката за култура Елизабета Канческа Милеска на уредникот на Сител му негодува како бил презентиран одреден прилог. Но, она што е поскандалозно, додаде Заев, било признанието на Латас дека вестите на Сител биле полни со пропаганда, по, како што рече, директна нарачка на премиерот.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00
Директен линк

Од разговорот на Јанкулоска со портпаролот Иво Котевски, како што нагласи лидерот на опозицијата, се дознавало дека министерката забранува емисија и се заканува дека ако тоа не се испочитува, новинарката „ќе летала“ од работа.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:05 0:00
Директен линк

Ова е четврта прес конференција на претседателот на СДСМ на која тој објавува делови од прислушуваните разговори на државно владиниот врв. Во петокот Заев објави седум телефонски разговори на кои се слушаше договарање околу омаловажувањето на Љубе Бошкоски во медиумите, уништување на неговата партија, тргнување на кадрите од Обединети за Македонија од работа во државните институции. Заев нагласи дека од тие телефонски разговори се доказ дека процесот е политички монтиран, а дека шефот на УБК Сашо Мијалков однапред знаел на колку ќе биде осуден Бошкоски. Претходната т.н. бомба на опозицијата беше насочена кон спрегата меѓу судството и извршната власт, а на првата прес конференција Заев објави дека службите под како што рече контрола на Груевски и Мијалков прислушувале повеќе од 20 000 граѓани во Македонија.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG