Достапни линкови

Прислушкување новинари, четврта „бомба“ на СДСМ


Прислушувањето на новинари е темата на четвртата „бомба“ на опозицијата. На денешната прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека биле прислушкувани над 100 новинари од Република Македонија, и тоа, како што истакна и од провладините медиуми и професионални новинари. Снимките што ги презентираме денеска јасно ја потврдуваат директната спрега меѓу премиерот, Управата за безбедност и контраразузнавање и медиумите, рече Заев. Тој нагласува дека со ова се покажува тоталната контрола што ја имаат воспоставено врз медиумите Никола Груевски, Сашо Мијалков и некои нивни луѓе, и оти владеат и менаџираат со новинари не само од приватните медиуми, туку и од јавниот севис МРТ.

Ова е четврта прес конференција на Заев во која тој објавува материајли од т.н. Бомба. Третата беше посветена на апсењето на Љубе Бошкоски, на втората тој објави пет телефонски разговори со кои како што рече се докажува директната спрега на релација власт-правосудство. На првата прес конференција пак Заев рече дека повеќе од 20 000 луѓе биле незаконски прислушувани,по наредба на Груевски и на Мијалков за што потврда било тоа што немало снимен телефонски разговор исклучиво меѓу нив двајцата. СДСМ уште по првата прес конференција поднесе кривична пријава против Груевски, Мијалков, директорот на петатта управа Горан Груевски и други непознати сторители а неделава и прошири. Како доказ ги достави телефонските разговори што на втората прес конференција ги презентираше Заев како нови докази за аферата Прислушување.

XS
SM
MD
LG