Достапни линкови

logo-print

ОН: Една третина од авганистанските затвореници пријавиле тортура


Обединетите нации соопштија дека повеќе од една третина од Авганистанците кои биле притворени врз основа на наводи поврзани со конфликтот во земјата, биле мачени или малтретирани. Во извештајот објавен денеска, Мисијата на Обединетите нации објави дека 278 затвореници од 790 анкетирани се изјасниле дека биле мачени или малтретирани, меѓу февруари 2013 и декември 2014 година. Ова претставува пад од предходниот период, во кој скоро половина од сите затвореници се изјаснувале дека биле малтретирани. Методите за мачење како тепање, задушување или електрични шокови, биле користени за да се добијат информации и признанија. Во извештаите се наведува дека постои недостик на одговорност за користењето на ваквите методи, што овозможува тортурата и натаму да продолжи.

XS
SM
MD
LG