Достапни линкови

Каква е оваа ситуација? – Граѓаните протестираат, владата попушта


Власта сега ги прифаќа барањата на незадоволните групи граѓани кои протестираат, иако претходно демонстрираше непопустливост и водеше негативна кампања против сите што јавно изразиле незадоволство од одредени владини политики.

Протести, штрајкови, блокади... Во последниве недели, па и месеци владата е под жесток притисок од разни категории незадоволни граѓани и се чини оти за прв пат во своето владеење е во дефанзива. Иако претходно демонстрираше непопустливост и водеше негативна кампања против сите што јавно изразиле незадоволство од одредени владини политики, на крај властите ги прифатија нивните барања.

Постои таа стара позната изрека дека можеш да лажеш некои луѓе некое време, но не можеш да ги лажеш сите луѓе цело време. Затоа, ова е последица на еден долг процес на деградација на нашето општество, на неговите вредности и секако дека ќе дојде момент кога тоа ќе излезе на површина.

Власта попушти под притисокот на студентите, кои протестираа против измените во законот за високо образование, окупирајќи неколку факултети и се согласи да се изработува нов закон во чие креирање ќе учествуваат и студентите и професорите. Жестокиот јавен притисок врз здравствените власти поради смртта на малата Тамара Димовска, која не ја дочека операцијата на 'рбетот, доведе до оставки на директорите на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази. Претходно, иако на почетокот го игнорираше штрајкот на СОНК, на крај прифати дел од барањата на наставниците. По долготрајните протести на новинарите, нивниот колега Томислав Кежаровски беше условно пуштен на слобода. По протестот на хонорарците, незадоволни од законот со кој се воведува плаќање придонеси за хонорарите, владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог за измени на законот со кој се предвидуваат одредени олеснувања.

Ова е една кулминација, ситуација во која се преполнува чашата. Во секој случај ова мораше да се случи. Сигурно дека има и катализатори, политичката криза си го прави своето, примерот, особено на студентите, беше оној кој веројатно и кај другите создаде инспирација и беше добар пример кој требаше да се следи. Е сега, зошто власта дури сега попушта? Попушта затоа што веројатно е сотерана до ѕид, нема каде, но тоа го прави многу доцна и го прави од многу себични причини.

Граѓанскиот активист Петрит Сарачини не се согласува дека власта е во дефанзива, туку вели дека маневрира. Со овие маневри, тие се обидуваат да ги минимизираат штетите од своето работење, вели тој.

„Мислам дека сето тоа е последица од растечкиот гнев и од неуспехот на власта да ги адресира проблемите на граѓаните. Постои таа стара позната изрека дека можеш да лажеш некои луѓе некое време, но не можеш да ги лажеш сите луѓе цело време. Затоа, ова е последица на еден долг процес на деградација на нашето општество, на неговите вредности и секако дека ќе дојде момент кога тоа ќе излезе на површина. Ова се тие моменти, ова е тој период“, вели Сарачини.

Професор Билјана Ванковска вели дека ерупцијата на незадоволство од повеќе општествени групи било прашање на време и не треба да изненадува.

„Ова е една кулминација, ситуација во која се преполнува чашата. Во секој случај ова мораше да се случи. Сигурно дека има и катализатори, политичката криза си го прави своето, примерот, особено на студентите, беше оној кој веројатно и кај другите создаде инспирација и беше добар пример кој требаше да се следи. Е сега, зошто власта дури сега попушта? Попушта затоа што веројатно е сотерана до ѕид, нема каде, но тоа го прави многу доцна и го прави од многу себични причини“, вели таа.

Ванковска вели дека власта на овој начин се обидува да собере симпатии да се преобрати во демократски лик, но оти сега е доцна. Да ги прифаќаше владата мислењата на граѓаните уште пред да почне да се гради Скопје 2014, можеби ќе имаше шанси да созрее и да го изгради својот демократски кредибилитет, вели таа.

„Вака таа фактички просперираше врз база на нашата генерална попустливост и пасивност, а сега веќе се спасува на овој начин, покажувајќи кооперативност“, вели Ванковска.

Дел од аналитичарите коментираат дека власта се обидува да ги затвори сите помали „фронтови“ за целата енергија да ја насочи кон справувањето со „бомбата“ на опозицијата, но други велат дека попуштањето е поради „прелевањето на чашата“ на граѓаните, независно од материјалите што ги објавува опозицијата.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG