Достапни линкови

ММФ: Грција не нуди јасни гаранции за реформите


IMF Managing Director, Christine Lagarde.

IMF Managing Director, Christine Lagarde.

Меѓународниот монетраен фонд (ММФ) соопшти дека списокот на реформи што грчката Влада вчера им го достави на министрите за финансии на евроозната, не нуди јасни гаранции дека Грција ќе продолжи со реформите.

Во писмо упатено до претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јерун Дијселблум, генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард наведува дека напорите што ги вложува Грција не се доволни за продолжување на програмата за финансирање.

Според Лагард, иако листата на ветени рефоми е „доволно целосна за почетна основа за успешно завршување на програмата“, таа сепак „не е доволно специфична“.

„Охрабрени сме од решителноста на новите грчки власти, која е зајакната во некои области како што се борбата против затајувањето дабоци и корупцијата, но сепак сакаме да дознаеме повеќе за нивните планови“, наведува Лагард.

Таа додава дека во некои сфери, кои можеби се и најзначајни, писмото не нуди доволно јасни гаранции дека Атина ќе ги спореде реформите предвидени со мемоерандумот за економски и финансиски политики.

Министрите за финансии на еврозоната синоќа ја прифатија предлог-листата на реформи што ја достави Владата во Атина, во замена за продолжување на програмата за финансирање за период од четитри месеци.

XS
SM
MD
LG