Достапни линкови

Нови 30 дена притвор за Зоран Верушевски


На поранешниот разузнавачот, Зоран Верушевски му се одредени нови триесет дена притвор. Судијата во претходна постапка му го определил притворот за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи. Верушевски помина триесет дена во пртвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец, под сомнение за нелегално поседување на оружје. Неговата одбрана се уште не добила одговор од обвинителството и покрај тоа што тврдеше дека доставила потврда дека пиштолот пронајден кај екс разузнавачот е заведен во регистарот на МВР, а реагира и на низа недоследности. Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“ заедно со неговата сопруга и еден вработен во општина Струмица. Четвртоосомничен е лидерот на СДСМ Зоран Заев, а во рамки на истата акција беа уапсени уште две лица, функционери во Министерството за внатрешни работи.

XS
SM
MD
LG