Достапни линкови

Британија испраќа воени советници во Украина


Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека неговата земја ќе испрати воен персонал во Украина за да ги обучува владините сили во борбата против проруските сепаратисти на истокот на земјата. Говорејќи во британскиот парламент, Камерон ја остави отворена можноста дека во иднина би можело Британија да испрати оружје во Украина. „Доколку не и се спротивставиме на Русија, тоа може да резултира со натамошна дестабилизација“, изјави Камерон.

XS
SM
MD
LG