Достапни линкови

logo-print

АИ: во Македонија ограничена слободата на изразување


Во годишниот извештај за Состојбата со човековите права во светот објавен денеска, Амнести интернешнал оценува дека во Македонија имало се поголемо ограничување на слободата на изразување. Во извештајот се потсетува и на тоа дека во април лани специјалниот известувач на Обединетите нации за слобода на изразување го критикувал влошувањето на слободата на изразување, плурализмот и независноста на медиумите. Притоа се прецизира дека владата потрошила еден насто од нејзиниот буџет за огласување во и онака фаворизираните провладини медиуми. Исто така се наведува дека властите вршат прекумерно влијание врз полицијата и судството. Во извештајот се додава дека односите меѓу Македонците и Албанци остануваат неизвесни. Амнести посочува и на тоа дека по шести пат била одложена препораката на Европската комисија за почеток на преговорите за пристапување на Македонија кон Европската унија.

XS
SM
MD
LG