Достапни линкови

Обама стави вето на законот за нафтоводот Кистоун


Американскиот претседател Барак Обама стави вето на законот за изградба на нафтоводот Кистоун Икс Ел меѓу Канада и Соединетите држави. Овој нафтовод прв пат беше предложен во 2008 година, а републиканците сметаат дека тој ќе отвори голем број работни места. Од друга страна демократите и екологистите се на став дека нафтоводот ќе придонесе за натамошно глобално затоплување.

XS
SM
MD
LG