Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза: врнежливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните и источите делови на земјава, а веќе во доцните попладневни часови интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од два до шест, а дневната од пет до 12 степени. Во Скопје во текот на денов ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат изразени околу пладне и попладне. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

XS
SM
MD
LG