Достапни линкови

Прокиснува покривот и паѓа малтер од ѕидовите во прилепскиот театар


Таванот во прилепскиот театар Војдан Чернодрински капе од сите страни. Актерите се греат на ќумбе во една поголема просторија, каде подготвуваат дел од претставите. Ѕидовите се испукани, а паѓа и малтерот.

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ годинава одбележува 65 години постоење и успешна работа. Но, од почетокот во далечната 1950 година работи во несоодветни услови. Објектот каде се подготвуваат и изведуваат претставите е реновиран пред четири години, ама се чини безуспешно. Таванот капе од сите страни при секој дожд. Се греат на ќумбе во една поголема просторија, каде подготвуваат дел од претставите. Ѕидовите се испукани, а паѓа и малтерот.

Оваа е истото место, некогашно кино, национализирано од фамилијата Напевци и адаптирано во театар, со неколку мали реконструкции и шминки работиме во овие услови, значи за жал, треба да бидат многу подобри, меѓутоа не се. На Прилеп му треба театарска зграда.

„Оваа е истото место, некогашно кино, национализирано од фамилијата Напевци и адаптирано во театар, со неколку мали реконструкции и шминки работиме во овие услови, значи за жал, треба да бидат многу подобри, меѓутоа не се. На Прилеп му треба театарска зграда“, вели Стојан Дамчески, раководителот на театарот.

Тој тврди дека сцената во Центарот за култура воопшто не одговара на потребите на театарот. И покрај напорот, на оваа сцена да се подготвуваат претставите од репертоарот на театарот, како што потенцира Дамчески, сите обиди конечно завршиле со повторно враќање на матичната сцена.

Мислам дека воопшто не ги интересира прилепскиот театар, ние секогаш сме се бореле, така како што сме се бореле. И кога сме под државна капа, државата кого сака - него го протежира, без разлика дали има или нема квалитет. Повеќе квалитетот не се рангира никаде. Ние овде мајмун да родиме на сцена, никој нема да забележи или да напише во весниците или во Скопје во некои културни емисии или програми да направи критички осврт на претстави, да каже дека во Прилеп се случи, таква и таква работа.

„Ние повеќе пати имавме проекти во рамки на Центарот за култура „Марко Цепенков“, има идеен проект, има идејно решение, не успеавме. Морам да ви кажам дека се покажа оти зградата на Центарот за култура не е за театар. Ние неколку пати се вселувавме и пред да дојдат овие млади актери. Ние правевме еднаш годишно претстави, специјално, да не ви спомнувам кои претстави ги правевме таму. Меѓутоа се покажуваше дека не може да функционира тоа како театар“, вели Дамчески.

Младите актери вработени последниве неколку години се жалат од условите за работа, но одбиваат јавно да говорат. Но, тоа не е случај со повозрасните.

„Мислам дека воопшто не ги интересира прилепскиот театар, ние секогаш сме се бореле, така како што сме се бореле. И кога сме под државна капа, државата кого сака - него го протежира, без разлика дали има или нема квалитет. Повеќе квалитетот не се рангира никаде. Ние овде мајмун да родиме на сцена, никој нема да забележи или да напише во весниците или во Скопје во некои културни емисии или програми да направи критички осврт на претстави, да каже дека во Прилеп се случи, таква и таква работа“, вели револтирано Најдо Тодески, еден од истакнатите, искусни актери на прилепскиот ансамбл.

Раководството на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ветува дека наскоро, прилепскиот ансамбл ќе работи во нов објект согласно со сите современи стандарди.

„Имаме проект за театар којшто ке биде во рамки на центарот за култура „Марко Цепенков“, го нудиме како проект на Министерството, а имаме ветување дека тоа мора да се реализира. Сега мора да почекаме, инаку факт е дека Прилеп ќе добие во догледно време нов театар и ќе биде доградба во просторот на центарот за култура“, вели Тони Чатлески, директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Прилепскиот театар има одиграно околу 360 премиери со преку 6500 изведби, освоено многу награди на домашни и меѓународни фестивали. Печат оставиле, низа актери-виртуози на својот занает. Ансамблот денес брои 19, претежно млади кадри со кои се освојуваат награди речиси на сите фестивали.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG