Достапни линкови

Маларична во Охрид се распаѓа


Објектот е изграден пред повеќе од пет децении, а до ден денес од многуте предизборни ветувања дека ќе биде урнат и ќе се изгради нов здравствен дом, нема ништо.

Старата зграда на Здравствениот дом во Охрид, позната како Маларична, се распаѓа. Објектот е изграден пред повеќе од пет децении, а до ден денес и покрај многуте ветувања дека истиот ќе биде урнат и на негово место или на друга локација ќе се изгради нов здравствен дом нема ништо, а ветувањата се сведуваат само од оние пред секои избори. Таму се сместени ординациите на десетина матични лекари, брзата помош и лабораторија.

Сè е руинирано. Здравствен дом Охрид може да живее од нашите кирии. Имаме договор во кој стои дека од нашите кирии треба да се вложува во здравствен дом. Но, еве, капе, тече вода, не дај боже да има поголеми снегови ќе попушти и плафонот. Ние самите си вложуваме си местиме си ги средуваме ординациите.

Охриѓани велат срамота е за Охрид како туристички центар да нема соодветен здравствен дом каде охриѓани и туристите би добивале примарна здравствена заштита. Ѕидовите во ординацијата на доктор Здравко Чорбески се прекриени со влага, а при секој по обилен дожд ординацијата прокиснува.

Доктор Здравко Чорбески.

Доктор Здравко Чорбески.

„Сè е руинирано. Здравствен дом Охрид може да живее од нашите кирии. Имаме договор во кој стои дека од нашите кирии треба да се вложува во здравствен дом. Но, еве, капе, тече вода, не дај боже да има поголеми снегови ќе попушти и плафонот. Ние самите си вложуваме си местиме си ги средуваме ординациите“, рече Чорбески.

Во многу лоши услови работат, влезете внатре ќе видете како е. Истите објекти се, ништо не е сменето во Маларична, ниту за пациентите, ниту за докторите. Директорите се главни и тие ја распоредуваат работата и условите ги создаваат, а тие само за в џеб.

Тој не е оптимист дека Охрид некогаш ќе добие нов и модерен здравствен дом.

Состојбите со здравството во Охрид вели Чорбески не се сјајни, според кого треба да се поработи и на здравствените услуги кои им се нудат на жителите во руралните средини.

„Нема доктор во руралните подрачја, во Пештани на пример. Огромен е проблемот што нема доктори, а за аптека мислам дека има во Пештани. Мештаните од Пештани доаѓаат да се прегледаат овде“, вели Чорбески.

Охриѓани сметаат дека многу работи треба да се подобрат во здравствениот сектор. Велат дека се згрозени од настанот во кој минатата недела директорот на охридскиот здравствен дом и уште двајца негови соработници беа обвинети дека го оштетиле буџетот на здравствен за повеќе од 7,5 милиони денари.

„Не ми се допаѓа. Кога бев на лекар последно ме вратија и не ми дадоа ништо. Имав притисок повеќе од 190, на Брза помош ме вратија ми велат оди кај матичната оди, таа пак не беше на работа. Друг доктор ми даде само едно апче“, вели жителка на Охрид.

„Во многу лоши услови работат, влезете внатре ќе видете како е. Истите објекти се, ништо не е сменето во Маларична, ниту за пациентите, ниту за докторите. Директорите се главни и тие ја распоредуваат работата и условите ги создаваат, а тие само за в џеб“, вели друг охриѓанец.

„Многу комунистички е останато, но тоа е здравството кај нас. Би требало повеќе бидејќи на лето многу народ го посетува Охрид“, вели граѓанин.

XS
SM
MD
LG