Достапни линкови

Украина ќе набавува оружје од ОАЕ


Украина потпиша договор за набавка на оружје од Обединетите Арапски Емирати. Шефот на кабинетот на украинската армија, Виктор Музенко денеска го потпиша договорот за време на Меѓународната конференција за одбрана во Абу Даби. Претседателот на Украина, Петро Порошенко исто така присуствуваше на конференцијата, нарекувајќи ја посетата „екстремно успешна“. Нема детали каква воена опрема и оружје Украина ќе набави од ОАЕ.

XS
SM
MD
LG