Достапни линкови

logo-print

Кристин Лагард: Во планот на Грција недостигаат суштествени детали


Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард денеска изјави дека планот на Грција за реформи е доволен за доделување на помош на земјата, но недостигаат суштествени детали. Лагард во писмото до претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум истакна дека грчкиот список е опширен, но не е доволно конкретен.

„Во некои сфери, како борбата со даночните измами и корупцијата, сум охрабрена од тоа, бидејќи изгледа како силна решителност на новите власти во Атина. Во неколку области, вклучително можеби во најважните, писмото не дава јасни објаснувања, дека Владата планира да ги спроведе очекуваните реформи. Меѓу другите сфери, кои предизвикуваат вознемиреност се политиката за пензиите и данокот на додадена вредност, како ни реформите на пазарот на трудот“, истакнува Лагард. Министрите за финанции од еврозоната и одобрија на Грција помош во замена за планот за реформи, предложен од Атина.

XS
SM
MD
LG