Достапни линкови

logo-print

Газпром се закани дека ќе ја запре испораката во Украина


Рускиот гигант за природен гас, „Газпром“, се закани дека во целост ќе ги запре испораките на гас за Украина на 26 февруари, потег за кој руската компанија вели дека може да резултира и се прекин на снабдувањето на Европа. Шефот на „Газпром“, Алексеј Милер денеска изјави дека „Украина не ја направила на време новата претплата за гас.“

Изјавата на Милер доаѓа откако украинската државна компанија за енергија, „Нафтогаз“ го обвини „Газпром“ дека не и го испраќа на Украина платениот гас. „Нафтогаз“ соопшти дека однапред платиле 114 милиони метри кубни гас, но дека добиле само 47.

„Газпром“ соопшти дека ќе ги снабдува со гас деловите на Доњецк и Луганск кои се контролирани од проруските сепаратисти во источна Украина, откако Киев престанал да ги снабдува. „Газпром“ рече дека двата региони ги смета како дел од договорот со „Нафтогаз“ за снабдувањето со Украина.

XS
SM
MD
LG