Достапни линкови

Девет загинати во оружен напад во ресторан во Чешка


Police forces and investigators in front of the site of a shooting at a restaurant in the city of Uherksy Brod.

Police forces and investigators in front of the site of a shooting at a restaurant in the city of Uherksy Brod.

Девет луѓе загинаа во напад на вооружен маж во ресторан во градот Ухрешки Брод во источниот дел на Република Чешка, јавија чешките медиуми. Чешката новиинска агенција ЧТК, го цитираше министерот за внатрешни работи Милан Чованец, велејќи дека загинале осум луѓе и дека меѓу загинатите е и вооружениот напаѓач. Осум луѓе се ранети. Напаѓачот наводно истрелал 20 куршуми, а еден од сведоците кој во моментот се наоѓал во тоалетот, рекол дека во ресторанот имало 20-тина луѓе. Ресторанот беше блокиран од страна на припадниците на полицијата, како и сообраќајот во околината и локалната железничка станица.

XS
SM
MD
LG