Достапни линкови

Оставка и на вториот директор на ФЗОМ, Мехази


Џемали Мехази

Џемали Мехази

По оставката на директорката на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева Змејковска, оставка поднесол и вториот директор на фондот Џемали Мехази. Парнаџиева Земјковска на прес конференција рече дека оставката ја поднесува поради морални и човечки причини. По смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи го решението од Фондот за здравство за да замине на операција во Турција, во јавноста имаше многу критики поради бавната реакција на Фондот.

Во меѓувреме, граѓани под мотото „Црвен картон за министерот Тодоров“, денеска протестираа против одговорните за случајот со малата Тамара. Тие бараа оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров, од директорите на Фондот за здравствено осигурување, од членовите на Управниот одбор на ФЗОМ, оставки од членовите на првостепената и второстепената лекарска комисија, како и кривична одговорност за надлежните поради несовесно работење во рамки на својата служба.

XS
SM
MD
LG