Достапни линкови

Заев даде исказ во Јавното Обвинителство


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска беше да даде исказ во Јавното обвинителство како сведок.

Тој е оштетен во постапката иницирана со поднесената Кривична пријава од страна на СДСМ за неовластено прислушување,се вели во соопштението на СДСМ.

По дадениот исказ, Заев изјави дека и покрај сомневањата во правосудниот систем, сепак пријавата е од причини познати, за да има пишана трага и да се покаже дека СДСМ ги почитува Уставот и законите на Република Македонија. Истовремено, додаде Заев, испраќаме порака дека на институцијата Обвинителство и другите правосудни органи им е нарушен угледот само од поединци. Во овие државни институции, сите знаеме, дека работат и чесни граѓани. Затоа негуваме надеж дека ќе постапат според Уставот и законот на Република Македонија, а со тоа ќе испратат силна порака и ние тоа јавно ќе го поздравиме - рече Заев.

Тој рече дека јавноста знае како меѓународниот фактор реагира и оти е јасно дека на одредени домашни фактори не им успева да направат нешто преку своите перјаници.

XS
SM
MD
LG