Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ: Русија дополнително ја загрозува слободата на медиумите


OSCE Representative on Freedom of the Media Dunja Mijatović.

OSCE Representative on Freedom of the Media Dunja Mijatović.

Претставникот на ОБСЕ за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ изјави дека заплашувањето на медиумските невладини организиации во Русија, дополнително ја загрозува слободата на медиумите. Во денешното соопштение, Мијатовиќ рече дека прекумерниот притисок врз Центарот за одбрана на медиумите (ММДЦ) и други невладини организации во областа на медиумите е „длабоко загрижувачки.“

Таа додаде оти дискриминацијата на медиумските организации оправдувани со нејасни изговори, ефикасно ја повредува слободата на изразување и слободата на медиумите. Овие забелешки доаѓаат откако Оддлот за правда во регионот Вороњеж на 9 февруари направи контрола врз (ММДЦ), како дел од официјалната процедура за регистрирање на невладините организации во регистарот на „странски агенти“.

XS
SM
MD
LG