Достапни линкови

Картер: САД имаат прави „состојки“ во борбата против ИД


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека Соединетите држави ги имаат правите „состојки“ во стратегијата за справување со милитантите на Исламската држава. Картер кој пред шест дена ја презеде функцијата вчера во Кувајт имаше состанок со американските воени и дипломатски претставници во регионот. Тој прецизира дека воздушните напади во Ирак се одвивале добро и оти американските војници со успех ги тренирале противниците на милитантите на Исламската држава во Сирија. Според него, потребно било подобрување во користењето на социјалните медиуми.

XS
SM
MD
LG