Достапни линкови

logo-print

Најавена нова средба за Законот за високото образование


За денеска е најавена нова средба меѓу претставници на Министерството за образование, Студентскиот и Професорскиот пленум и ректорот на УКИМ Велимир Стојковски. До ова доаѓа откако во минатата недела беше договорено да се формираат работни групи кои за 30 дена ќе треба да направат анализа на состојбата во образованието. Во меѓувреме продолжува окупацијата на факултетите. На сите факултети на УКИМ редовната настава е бојкотирана, а студентите сами организираат алтернативни предавања со професорите кои ги поддржуваат.

XS
SM
MD
LG