Достапни линкови

logo-print

Грција наместо вчера, денеска со планот реформи


Грчките власти го одложија доставувањето на предлог планот со реформи до европските кредитори за да обезбедат четиримесечно продолжување на спасувачкиот пакет. „Списокот со реформи, наместо денеска, утре изутрина ќе им биде испратен на министрите за финансии на еврогрупата“, изјавил синоќа неименуван извор од грчката влада која се надева дека ќе ја убеди еврозоната со ветување дека ќе се посвети на борбата против корупцијата и затајувањето даноци. За грчкиот план треба да се согласат парламентите на сите 18 земји членки на еврогрупата и тоа до крајот на месецов кога истекува сегашната финансиска помош за Грција.

XS
SM
MD
LG