Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно


Во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне на исток со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег, а попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови со почести сончеви периоди, а преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

XS
SM
MD
LG