Достапни линкови

Продолжува притисокот за промени во образованието


Работна средба за Законот за високо образование.

Работна средба за Законот за високо образование.

Студентскиот пленум останува на ставот за нов Закон за високо образование, а од Наставничкиот пленум ќе бараат измените во Законот за основно и средно образование.

Од Студентскиот пленум и натаму чекаат нов Закон за високо образование, а од Наставничкиот пленум најавуваат дека деновиве ќе излезат со барања за измените во Законот за основно и средно образование.

Понатаму сме со намера да бараме измена на законот, бидејќи оние барања што ги имаше СОНК, не се соодветни на она што ние го бараме. За да се направи квалитет во образованието мора да се тргне од основното образование, па нагоре.

Владо Димовски од Наставничкиот пленум вели дека новите законски измени беа експресно усвоени од Собранието и беа причина за штрајкот на просветните работници со кој се прати порака до власта сериозно да ги редефинира своите одлуки.

„Презедовме одредени активности со неколку истражувања во делот на подобрување на квалитетот на образованието, во делот на екстерното тестирање итн. Понатаму сме со намера да бараме измена на законот, бидејќи оние барања што ги имаше СОНК, не се соодветни на она што ние го бараме. За да се направи квалитет во образованието мора да се тргне од основното образование, па нагоре“, вели Владо Димовски од Наставничкиот пленум.

Сè додека не ја постигнеме оваа цел, окупацијата со бојкот на настава нема да заврши, сè додека студентите не побараат поинаку. Во овој момент средствата за притисок, окупацијата, ќе трае сè додека не ја постигнеме нашата цел.

Во меѓувреме Министерството за образование и наука реагираше на писмото од наставници кои обвинуваат за притисоци врз вработените во основното и средното образование во Битола и во другите градови каде што се бојкотира наставата и истакнуваат дека наставници кои штрајкуваат немаат добиено плата. Од Министерствотовелат дека исплатата е редовна и реализирана заклучно со првата половина на тековниот месец, февруари и оценуваат дека овие обвинувања имаат цел да се наруши интензитетот и конструктивноста на социјалниот дијалог. Меѓутоа Димов изрази незадоволство поради доцнење на платите во училиштата.

„Најверојатно нешто државата има проблем со буџетот, толку ни е сиромашна државата што не успеа ни пари за плата да обезбедат во јавната администрација, камоли за другите ресори.“

Од СОНК пак образложија дека платите во образованието не доцнеле поради притисоците врз наставниците кои што штрајкувале, ниту пак имало селективна исплата на платите, туку дека се работело за корекција на платните списоци. Во меѓувреме Министерството за образование и СОНК ги продолжуваат преговорите преку работни групи, но нема детали од средбите.

Во високото образование, пак, засега не постои гаранција дека со активностите на Студентскиот пленум ќе се добие зелено светло од МОН за нов закон со кој се укинува државниот испит.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска не прецизираше дали државен испит ќе остане како идеја и во концептот за законски текст за високо образование кој работните групи треба да го состават по сеопфатна анализа на состојбата, како што беше договорено на првата официјална средба на сите засегнати страни, во четвртокот во Ректоратот на УКИМ.

Министерот Адеми денеска изјави дека е битно што веќе има конструктивен дијалог меѓу сите засегнати страни и соопшти дека во првата половина на април МОН ќе организира голема конференција за високото образование на која ќе учествуваат домашни и странски експерти

Владимир Делов од Студентскиот пленум повтори дека тие чекаат нов закон.

„Сè додека не ја постигнеме оваа цел, окупацијата со бојкот на настава нема да заврши, сè додека студентите не побараат поинаку. Во овој момент средствата за притисок, окупацијата, ќе трае сè додека не ја постигнеме нашата цел.“

Додека треба да се одржи уште една средба помеѓу студентите од Пленумот, универзитетските претставници, како и министерството за образование околу законот за високо образование, Пленумот и неговите автономни зони непрекинато се шират. Предавања нема на четири факултети, три од нив се на УКИМ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG