Достапни линкови

Роднините на убиеното семејство во Ѓумри бараат истрага во Ерменија


Роднините на седумчленото семејство убиено во масакрот во Гумри што се случи во јануари, бараат рускиот војник кој е обвинет за убиствата да биде предаден на ерменските власти. Роднините на убиеното семејство се собраа пред канцеларијата на Обвинителството во Гумри, велејќи дека ако не се исполнат нивните барања ќе се одржат големи протести. Тие исто така бараат истрагата да биде транспарентна. На 15 јануари стотици демонстранти се судрија со полицијата, барајќи осомничениот војник Валериј Пермјаков да биде пренесен во ерменски притвор. Ерменскиот Обвинител тогаш изјави дека ќе побара од неговиот руски колега војникот да биде пренесен во Ерменија.

XS
SM
MD
LG