Достапни линкови

logo-print

Ирачката војска ги нападна милитантите на ИД во Багдади


Висок американски командант изјави дека ирачките сили започнале напад на западниот град Багдади, за да го вратат од милитантите на Илсамскта држава. Високиот командант на САД, Тери Џејмс, кој ја предводи коалицијата во Сирија и Ирак рече дека 800 ирачки трупи поддржувани од американски воени авиони го напаѓаат Багдади, кој беше преземен од милитантите на ИД на почетокот на месецов. Џејмс рече дека ирачките трупи ја обезбедиле областа во близина на воената база, каде силите на САД ги обучуваат ирачките војници. Тој додаде дека напредокот на милитантите на ИД е запрен и дека тие можат да извршуваат само помали напади.

XS
SM
MD
LG