Достапни линкови

logo-print

Шилегов: Владата е политички изолирана од меѓународната заедница


SDSM spokesman Peter Schilegov.

SDSM spokesman Peter Schilegov.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска излезе со оцена дека откажувањето на средбата меѓу претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, покажува дека Владата е политички изолирана од меѓународната заедница. Тој изјави дека молкот на владините претставници по објавените снимки е запрепастувачки не само за домашната, туку и за меѓународната јавност.

„Ако се земе предвид официјалниот став на Европската комисија за потребата од владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободата на медиумите, за коишто децидно е наведено дека се прашања за коишто едноставно „не се преговара“, повеќе од јасно за сите е дека во Македонија не постои минимум државен капацитет за овие суштински потреби, рече портпаролот на СДСМ.

XS
SM
MD
LG