Достапни линкови

Одложено судењето на новинарите на Ал Џезеира во Египет


Egyptian journalist Mohammed Fahmy and journalist Baher Mahmoud (L).

Egyptian journalist Mohammed Fahmy and journalist Baher Mahmoud (L).

Повторното судење на двајцата новинари на Ал Џезеира во Египет, ќе биде одложено до 8 март. Шефот на бирото Мохамед Фахми и продуцентот Бахер Мухамед, требаше денеска да имаат повторно судење во Каиро. Двајцата новинари беа ослободени со кауција на почетокот на месецов, откако поминаа повеќе од една година во затвор. Тие се соочуваат со обвиненија дека биле дел од терористичка група и за фалсификување на снимка со цел да и наштетат на националната безбедносна служба на Египет. Нивните случаи беа критикувани на меѓународно ниво.

XS
SM
MD
LG