Достапни линкови

logo-print

Министерот Јашари се сретна со американскиот амбасадор Бејли


The new US ambassador to Macedonia Jess L.Bejli.

The new US ambassador to Macedonia Jess L.Bejli.

Министерот за правда Аднан Јашари денеска се сртена со новиот амбасадор на САД во Република Македонија Џес Бејли. На средбата Јашари ја истакнал успешната соработка која ја имал како министер за правда со доскорашниот американски амбасадор Пол Волерс, посакувајќи оваа плодна соработка да продолжи и со новиот амбасадор Бејли, соопшти Министерството за правда.

Јашари го известил Бејли за спроведените активности во Министерството, а станало збор и за проектите кои се во тек и кои се спроведуваат во рамките на оваа институција, како и за законите кои се во надлежност на Министерството за правда, а кои треба да се утврдат како законски текстови од страна на Владата.

Како што соопшти Министерството за правда двајцата соговорници дискутирале и за последната актуелна политичка состојба во Македонија, за објавувањето на прислушуваните снимки и за случајот „Пуч“.

XS
SM
MD
LG