Достапни линкови

logo-print

Продолжен притвор на активист за човекови права во Азербејџан


Azerbaijan -- Arif Yunus.

Azerbaijan -- Arif Yunus.

Судот во Азербејџан наводно наредил активистот за човекови права, Ариф Јанус да биде држен во притвор уште најмалку пет месеци. Медиумите во Азербејџан го цитираат адвокатот, Афкан Мамадов, како вели дека во денешната пресуда на судот во Баку се продолжува истражниот период и притворот на Јанус до 5 август. Шеесетгодишниот Јанус е сопруг на активистката за човекови права Лејла Јанус, која исто така е во затвор. Тој беше уапсен на 5 август 2014 година, неколку месеци по апсењето на неговата сопруга. Двајцата се обвинети за предавство, но тие ги отфрлаат обвинувањата велејќи дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG