Достапни линкови

Ахмети бара помош од Брисел за актуелната криза


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети испратил писмо до евро-комесарот за преговори за проширување, Јохнес Хан, во кое бара итно и директно вклучување на Брисел во надминувањето на, како што вели, загрижувачката ситуација во Македонија.

„Како што дискутиравме на нашата заедничка средба, ситуацијата во земјата е загрижувачка и демократските капацитети на системот се ставени пред сериозен предизвик. Затоа, сметам дека итното и директно вклучување на Брисел, преку делегирање на политички тим засилен со правни и истражни експерти,е неопходно“.

Ахмети, во писмото, исто така бара помош и за решавање на спорот за името, кој, според него, може да ги зголеми и меѓу-етничките тензии.

„Овој спор мора да се затвори што е можно поскоро, но решението не може да се постигне без интензивното вклучување на Брисел и Вашингтон во посредништво помеѓу Скопје и Атина. Нашите заеднички напори за да се постигне мир и да се изгради оддржлива демократија во земјава не може да се сметаат како завршени без интеграцијата на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија“.

„Ве осигурувам Г. Хан дека во мене и во Демократската Унија за Интеграција ќе пронајдете партнер за реализација на сите овие стремежи“, истакнува Ахмети во писмото до Хан.

XS
SM
MD
LG