Достапни линкови

Орбан го загуби двотретинското мнозинство во унгарскиот парламент


Партијата на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, го загуби двотретинското мнозинство, што го имаше во Парламентот од 2010 година. Двотретинското мноозинство и овозможи на партијата на Орбан, „Фидес“ без учество на опозицијата да направи измени во Уставот и во други закони.

Фидес го загуби мнозинството поради резултатот во една област, каде што нивниот кандидат беше поразен од независениот левичарски кандидат, Золтан Кес, кој беше поддржан од опозициските партии. Покрај туркањето на законската регулатива, партијата на Орбан, заедно со помалата коалиција го користеа двотретинското мнозинство во Парламентот, кој има вкупно 199 места, да доминираат врз институции, вклучително медиумите и Уставниот суд.

XS
SM
MD
LG