Достапни линкови

Најмногу коментари за „бомбата“ и за „пучот“


Аферата „Прислушување“ и полициската акција „Пуч“ предизвикуваат најголем интерес кај читателите кои даваат свои мислења за случајот.

„Ало? Кабинетот на претседателот на Владата на РМ? Даааа. Повелете. Се јавуваме од Брисел, од Европската комисија... Ало? Алоооооо? Ало? Изгледа се прекина врската со премиерот. Чудно.“ Еве ова го пишува во својата порака Незабеган како коментар на ставовите на народниот правобранител искажани во интервјуто за Радио Слободна Европа и на други познавачи на состојбите за тоа дека институциите треба брзо и ефикасно да реагираат и да ја расчистат аферата за да се намали просторот за сомнежи.

Власта на фамилијарно, братучедско, кумско, баџаначкиот клан е спремна да го сотре овој каков-таков народ, па со клоци да го легне на стомак како вол да лежи за да му го преправи идентитетот да не е свој туку нивни, односно ДПМНЕ-овски по примерите како што гледаме.

А Пиле само прашува „Кој тоа се надева на брзо и ефикасно расчистување во авторитарен режим?“.

Пиле коментира и по информацијата за третата „бомба“ на Заев, за индициите дека случајот со Бошкоски е наместен: „Власта на фамилијарно, братучедско, кумско, баџаначкиот клан е спремна да го сотре овој каков-таков народ, па со клоци да го легне на стомак како вол да лежи за да му го преправи идентитетот да не е свој туку нивни, односно ДПМНЕ-овски по примерите како што гледаме“ Марија, пак, напишала: „Е, господа судии и обвинители. Сите што учествувавте и сте дел од ова злосторничко здружение и донесовте пресуда каква што ви нарачаа, сите да станете и да си одите. Марш, не ни требаат такви како вас“.

Наредбодавачот не одговори дали презентираните разговори се точни, полуточни или неточни.

Тина Поп-Христова на ФБ на Радио Слободна Европа напишала: „Страшно. Иво Котевски, Миленко, Латас, Мирка? На што ни спадна Македонијо?“, а Влатко Бока Георгиевски смета дека: „Болни умови се ова братучедиве.“

По првиот контакт со новинари на премиерот Груевски, на прес-конференцијата со српскиот премиер, Александар од Пела, на веб-страницата на нашево радио забележал: „Наредбодавачот не одговори дали презентираните разговори се точни, полуточни или неточни“, алудирајќи на неговите зборови во обраќањето до нацијата кога всушност најави дека ќе има нешто од лидерот на опозицијата.

МК Обсервер смета дека „Најавата за 'таков вид работи' не ги оправдува таквиот вид работи без оглед дали тие се во најава или не!“

Од коментарите на ФБ во врска со прегледот на неделниот печат и прашањето од каде му е „бомбата на Заев“ го издвојуваме мислењето на Теона Теа: „И од Тунгузија да е, сега не е важно. Фала на кој и да е што ни ги отвори очите која багра нè води“, пишува таа.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG