Достапни линкови

Закани од терористички напади во Европа и САД


Повик за терористички напади во Европа и САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Повик за терористички напади во Европа и САД.

Американскиот секретар за внатрешна безбедност Џех Џонсон ги повика на претпазливост граѓаните кои посетуваат трговски центри, посебно во Париз, Лондон, но и во Канада и во САД. До ова дојде откако сомалиската терористичка организација Ал Шабаб се закани со напади во трговски центри на Западот.

Оваа терористичка група емитуваше снимка на која ги повикува приврзаниците да извршуваат напади слични како оној во трговскиот центар во Најроби во 2013 година кога загинаа 67 луѓе, додека 175 беа ранети.

„Војната само што започна. Нападот во Најроби е само капка во океанот, нападите продолжуваат“, наведува Али Махмуд Раги, портпарол на Ал Шабаб во видео пораката на англиски и арапски јазик која трае над еден час.

Организацијата Ал Шабаб е формирана во 2000 година, како фузија на неколку сомалиски исламистички групи и Ал Каеда. Таа сака Сомалија да стане исламска држава со шеријатски закони, како и спроведување џихад на глобално ниво.

Ние во моментов сме во нова фаза на глобална терористичка закана во која е инволвирана Ал Каеда, но и други групи како Исламската држава со многу ефективно користење на видео снимки и социјални медиуми за да инспирираат домашни независни индивидуалци да вршат терористички акти.
Џех Џонсон, американскиот секретар за внатрешна безбедност.

„Ние во моментов сме во нова фаза на глобална терористичка закана во која е инволвирана Ал Каеда, но и други групи како Исламската држава со многу ефективно користење на видео снимки и социјални медиуми за да инспирираат домашни независни индивидуалци да вршат терористички акти“, изјави Џех Џонсон.

Toj наведува дека Соединетите Држави, заканите, како најновата на Ал Шабаб, ја земаат со голема сериозност.

На справувањето и спречувањето на опасностите од исламските екстремисти е посветен и денешниот состанок во Кувајт на новиот американски секретар за одбрана Ештон Картер со командантот на американските сили на Блискиот Исток, генерал Лојд Остин, и со специјалниот пратеник на претседателот Обама во борба против милитантите на Исламската држава, генералот во пензија Џон Ален.

До оваа средба доаѓа по растечката загриженост за ширењето на милитантите на Исламската држава и во Либија. Џихадистите во изминативе неколку месеци освоија големи делови од северна Сирија и западен Ирак.

Во меѓувреме, египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека е неопходно да се формираат заеднички арапски воени сили.

Во телевизиското обраќање тој рече дека таквите сили би се бореле против регионалните закани од исламските милитанти.

„Заканите стануваат се поголеми и можеме да се справиме со нив само ако бидеме заедно“, изјави Сиси, додавајќи дека Јордан и Обединетите Арапски Емирати му понудиле помош на Египет откако во минатата недела во Либија беа обезглавени дваесетина египетски христијани од страна на милитантите на Исламската држава.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG