Достапни линкови

САД бараат претпазливост по заканите за нови напади


Американскиот секретар за внатрешна безбедност Џех Џонсон ги повика на претпазливост граѓаните кои посетуваат трговски центри, посебно во Париз, Лондон, но и во Канада и Соединетите држави по заканите на сомалиската терористичка организација Ал Шабаб. Оваа група емитуваше видео снимка на која ги повикува приврзаниците да напаѓаат трговски центри, слично каков што беше нападот во Најроби во 2013 година кога во еден трговски центар беа убиени 67 луѓе, а над 170 беа ранети. Организацијата Ал Шабаб е формирана во 2000 година, а мотив на нејзиното постоење е спроведување џихад на глобално ниво.

XS
SM
MD
LG