Достапни линкови

logo-print

Египет повика на формирање заеднички арапски сили


Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека е неопходно да се формираат заеднички арапски воени сили. Во телевизиското обраќање тој рече дека таквите сили би се бореле против регионалните закани од исламските милитанти. „Заканите стануваат се поголеми и можеме да се справиме со нив само ако бидеме заедно“, изјави Сиси, додавајќи дека Јордан и Обединетите Арапски емирати му понудиле помош на Египет откако во минатата недела во Либија беа обезглавени дваесетина египетски христијани од страна на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG