Достапни линкови

Грција денеска со нејзин план пред еврозоната


Грчката влада, како што е најавено, денеска треба да им го претстави на министрите за финансии на еврозоната нејзиниот предлог план на реформи. Доколку биде прифатен, тоа ќе биде основа за продолжување на финансиската помош на Грција за уште четири месеци. „За некои реформски мерки нема преговори бидејќи се однесуваат на националниот суверенитет“, изјави Никос Папас, државен министер и еден од најблиските соработници на премиерот Алексис Ципрас. Тој не прецизира за кои мерки станува збор, но како дел од внатрешната политика на Грција ги спомна правото и условите за работа.

XS
SM
MD
LG