Достапни линкови

Кери и Зариф разговараа за иранската нуклеарна програма


Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф одржаа во Женева двочасовни разговори за контроверзната иранска нуклеарна програма. Според оценката на Зариф, разговорите биле добри на притоа останале извесни разлики околу условите. Светските сили и Иран претходно се договорија крајот на март да биде конечен рок до кога треба да се постигне спогодба за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG