Достапни линкови

Неделен печат - Од каде му е „бомбата“ на Заев?


Аферата „Прислушување“ и полициската акција „Пуч“ се во фокусот на неделниот печат, кој се обидува да одгатне од каде му се на Заев материјалите што ги објавува.

Сите сакаат да се дознае вистината од каде се аудио снимките на прислушуваните разговори на актуелните политичари, обвинители, судии, во најава и на бизнисмени и новинари, сите повикуваат на откривање на божемните странски тајни служби.

Во една отворена постапка македонската, но и светската јавност да ја чујат целата вистина за „пучот“ и за „бомбата“, а надлежните институции во колку што е можно пократок рок да се изјаснат за обвинувањата од двете страни и одговорните да ја преземат одговорноста.

Република - До вистината за „Пуч“ пливаме низ море од лаги

Република, во текстот во уводникот тврди дека „До вистината за Пуч пливаме низ море од лаги“, без никакви опипливи докази што во изминативе денови ја вжештиле и онака тензичната политичка атмосфера. Во меѓувреме, Република очекува во „една отворена постапка македонската, но и светската јавност да ја чујат целата вистина за „пучот“ и за „бомбата“, а надлежните институции во колку што е можно пократок рок да се изјаснат за обвинувањата од двете страни и одговорните да ја преземат одговорноста“.

Фокус - Ќе каже ли Груевски која е странската служба што му прави „пуч“?“

Фокус, во подолгата анализа на истата тема, во насловот прашува: „Ќе каже ли Груевски која е странската служба што му прави „пуч“?“ и „дали пастирот во одреден миг ќе се осмели да ја именува странската служба, државата, амбасадорот и премиерот кои му ги дале снимките и му помагале на СДСМ?!“ Па потамина ги наведува како можни „кандидати“ за ова: Италија, Хрватска, Грција, САД, ЦИА, НСА, БНД и слични за да повика: „Ајде да го чуеме нашиот Јанукович конечно да каже против кого се бориме! Може ли владата на ВМРО-ДПМНЕ да се однесува како злосторничко здружение ако цврсто стои на браникот на идентитетот, а притоа е тајно за Путин, за сојуз со Русија и Кина, а јавно за САД, НАТО, ЦИА и Европа? Време е Груевски да се разоткрие“, заклучува Фокус. "

Глобус - Режимот молчи и се крие од народот

Аферата прислушување е клучен доказ за црнилата на власта, за неморалот и беззаконието на режимот кои одамна му се познати на народот, пишува авторот на колумната „Таленти“ во он-лајн магазинот Глобус, за да додаде: „Режимот молчи и се крие од народот. Како смртта на малата Тамара и аферата прислушување да се случуваат во друга држава. Иако се разголени до коска, 'елитата' преку своите послушници, кои се сè помалубројни, и подопашници од медиуми, продолжува да манипулира со граѓаните, напразно се повторуваат излитени сценарија за надворешни и внатрешни непријатели, бедни и провидни се обидите со монтирање нова шпионска афера да се „спасат“ нарачателите и корисниците на масовното прислушување. Дали на „шпионите“ пак ќе им судат оние што „местат“ пресуди и влијаат врз судии? Кој нормален сега ќе поверува дека судството е независно?“, завршува со прашање Глобус.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG