Достапни линкови

Формиран „Прстен на мирот“ околу синагога во Норвешка


Повеќе од илјада муслимани формираа човечки штит околу синагога во норвешкиот град Осло во знак на симболична поддршка за еврејската заедница и во знак на осуда на нападот врз синагога во соседна Данска минатиот викенд. Настанот бил организиран од група на млади муслимани од земјата кои се нарекуваат „Прстенот на мирот“. Тие извикувале не за антисемитизмот и не за исламофобијата. Оранизаторите пред толпата соопштиле дека човештвото е едно и тие демонстрираат тоа да го покажат.

XS
SM
MD
LG