Достапни линкови

Постигнат договор за повлекување на оружјето во источна Украина


Украинските сили и проруските бунтовници постигнале договор за повлекувањето на тешкото оружје од борбената линија во согласност со примирјето. Портпаролот на украинската војска, Пјотор Каноник изјави дека двонеделниот процес на отстранување на оружјето ќе започне денеска. Сепаратистичкиот командант во Доњецк, Едуард Басурин изјавил дека бунтовниците ги потпишале наредбите за повлекување.

Според условите во примирјето, повлекувањето на оружјето требаше да зпочне на 17 февруари и да заврши на 3 март, но беше одложено поради борбите во стратешкиот град Дебалцеве.

XS
SM
MD
LG