Достапни линкови

Турција евакуирала војници и отомански гроб во Сирија


Стотици турски војници во воени возила влегле во сирискиот град Кобани при што евакуирале отомански гроб и десетици војници кои го чувале. Турскиот премиер Ахмет Давутоглуизјави дека операцијата која се случила синоќа била многу успешна. Турските медиуми јавија оти еден војник бил убиен за време на операцијата. Според Давутоглу, Турција не побарала дозвола или помош за мисијата, но ги информирала сојузниците во меѓународната коалиција против Исламската држава откако започнала операцијата. Тој напомена дека гробот на Сулејман Шах, дедото на основачот на отоманската империја ќе биде испратен на нова локација во Сирија.

XS
SM
MD
LG