Достапни линкови

Видеа со Љубе Бошкоски се појавија на интернет


Љубе Бошкоски

Љубе Бошкоски

Македонските медиуми вечерва објавија видеа во кои лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски преговара со човек кому му е заштитен ликот за време на изборната кампања во 2011. Медиумите тврдат дека видеата ги нашле на Јутјуб. На видетата Бошкоски ветува промена на името доколку тој дојде на власт и дека парите ќе ги искористи за рекламирање на телевизите, пишуваат медиумите.

Бошкоски по изборите беше осуден на пет години затвор за нелегално финансирање на кампањата. Тогаш министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска демантираше дека полицијата користела Посебни истражни мерки за следење на Бошковски.

XS
SM
MD
LG