Достапни линкови

Граѓаните побараа оставка од Владата


Околу стотина граѓани протестираат денеска пред Владата,за да го изразат својот револт од прислушувањата на илјадници граѓани,изживувањето со Љубе Бошкоски, убиството на Мартин Нешкоски и местењето судски одлуки. Протестот уследи по објавата на третата „бомба“ од страна на опозицијата. Насобраните граѓани извикуваат „Нема правда , нема мир“, „Оставка“, „Убијци“, а во рацете носат транспаренти „Слобода за Љубе, слобода за Македонија“, „Одете си, оставка“, а со овие пароли е излепена и оградата пред владата.

XS
SM
MD
LG