Достапни линкови

Картер-Ќе се преиспита одлуката за повлекување од Авганистан


Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер со американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер со американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер изјави дека поунифицираната авганистанска влада му дава причина на Вашингтон да го забави повлекувањето на американските сили од земјата. Картер зборуваше на прес конференција со авганистанскиот претседател Ашраф Гани по нивната средба во Кабул. Американската војска ја заврши својата борбена мисија во декември минатата година, но мал број на војници останаа за да ги тренираат авганистанските колеги и да спроведуваат антитерористички напади врз екстремистичките групи.

XS
SM
MD
LG