Достапни линкови

Дубаи-Пожар во облакодер, евакуирани илјадници луѓе


Илјадници луѓе биле евакуирани од облакодер во Дубаи кој бил зафатен од пожар. Пожарот започнал на 50 кат и потоа се проширил 20 ката нагоре во зградата, наречена Факел, која има 79 ката и се протега на 336 метри над заливот. Пожарникарите го ставиле огнот под контрола, но силните ветрови го ширеле пожарот. Локалните медиуми јавија дека на неколку лица им била потребна лекарска помош поради вдишување на чад и дека нема смртни случаи.

XS
SM
MD
LG