Достапни линкови

Протест пред Влада против полициска бруталност


Денеска во 16 часот пред Владата ќе се одржи протест против полициската бруталност. Протестот е организиран преку социјалните мрежи и е за цел да се актуелизира барањето од протестите во 2011, односно оставка на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и нејзиниот портпарол Иво Котевски по убиството на Марти Нешковски на плоштадот Македонија.

На последната прес конференција на СДСМ, лидерот на опозицијата Зоран Заев откри прислушуван разговор во кој според него, се слушаат гласовите на Јанкулоска и Котевски кои спомнуваат и убиено дете на плоштад, најверојатно мислејќи на Мартин Нешковски. Вчера вечер пред Владата спонтано се собраа педесетина граѓани, како реакција на таканаречената трета бомба на Заев.

XS
SM
MD
LG